Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Убиецот од Батинци најверојатно ја напуштил Македонија – бил баран со потерница веќе една година!
Македонија

Убиецот од Батинци најверојатно ја напуштил Македонија – бил баран со потерница веќе една година!

14/07/2025

AA

Муса Џавит, кој минатата недела го застрела и уби армиски офицер во скопското село Батинци, најверојатно ја напуштил земјава, објави телевизија 24. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Џавит веќе е под меѓународна потерница повеќе од една година, поради претходно убиство, а по последниот инцидент, полицијата ја засилила соработката со странските служби за да го пронајде.

„Нашите органи соработуваат и се во постојана комуникација со органите на прогонот на сите земји каде постои индиција дека бегалецот може да се крие“, информираат од МВР.

Џавит има богато криминално досие и за една година се поврзува со две смртни ликвидации. Првото убиство се случило минатото лето, а се претпоставува дека било поврзано со криминалниот клан Беланоца, кој беше мета на полициска акција. И покрај тоа, Џавит останал на слобода и продолжил со криминалното делување.

Последното злосторство се случи минатата недела, кога пред влезот на селото Батинци со два куршума во градниот кош го уби 50-годишниот армиски офицер, додека тој бил во автомобил со својата ќерка. Според информациите, убиството било мотивирано од одбиена љубов – девојката, ќерка на жртвата, не сакала да има врска со осомничениот.

„Ќерката на убиениот војник го одбила Џавит, кој ѝ се заканувал по телефон неколку часа пред нападот. Додека се враќале од лекарски преглед, осомничениот им го пресекол патот, излегол од возилото и пукал во таткото, по што избегал“, наведуваат полициски извори.

Според податоците, Џавит бил пуштен од затвор во јуни 2023 година, каде служел казна за нелегално поседување оружје. Само еден месец по неговото ослободување го извршил првото убиство.

Полицијата сè уште трага по него, а јавноста е вознемирена од фактот дека лице со такво досие успева да се движи и делува слободно, дури и по издадената меѓународна потерница. Се очекува дополнителна реакција од институциите и засилени безбедносни мерки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy