
Љубчо Георгиевски: Пред 30 години оган се палеше само во Мичурин, денес цело Скопје го девалвираме, како урбана средина, како народ…
Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски преку друштвените мрежи вели дека пред 30 години само во Мичурин се палел коледарски оган.
„Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган дури и се сеќавам кога прв пат почнаа со огнот. Денес цело Скопје гори. Го девалвираме Скопје како главен град. Се девалвираме како урбана средина,како народ“, пишува Георгиевски на Фејсбук.
Тој додава дека „српската окупација ни ја донесе оваа традиција. Само што Белград не гори, отидоа напред, а ние уште сме таму каде не оставија!“.