Уапсено лице поврзано со Општата болница Прилеп, се истражува проневера од 16 милиони денари
Финансиската полиција денеска приведе лице поврзано со Општата болница во Прилеп. Неофицијално лицето е осомничено за можни злоупотреби и проневера во износ од околу 16.000.000 денари.
Засега надлежните институции не изнесуваат официјални детали за случајот.
Очекувањата се дека во текот на денот истражните органи ќе излезат со повеќе информации и официјална потврда за причините за приведувањето и текот на истрагата.