Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“
Регион

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

23/04/2024

AA

Во акција на припадниците на МУП на кантонот Сараево (КС) и на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) „Црна вратоврска 2“ уапсени се повеќе од 20 лица, за соработка со познатиот меѓународен нарко картел „Тито “, на чело со Един Гачанин, кој од минатата година издржува затворска казна во Холандија. 

Според наредбата на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Вахидин Муњиќ, директорот на Федералната полициска управа (ФУП), началникот на специјалната полиција на ФУП, Мустафа Селмановиќ и сараевскиот бизнисмен Гордан Мемија, инаку, кумот на Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Исто така, во акцијата на полицијата во Сараево, Зеница и Мостар беа приведени специјалците на ФУП кои пред осум години го обезбедуваа Един Гачанин Тито во Сараево. Станува збор за специјалци Емир Друшиќ, Адин Ќатиќ и Сенад Кадиќ. Уапсени се поранешните членови на ФУП, кои го обезбедуваа и Гачанин во Сараево, Ибро Миладин и Дражен Чобовиќ.

– Активностите се насочени кон гонење на лица осомничени за организиран криминал, неовластена трговија со големи количини на дрога, перење пари и други кривични дела. Во спроведените активности, меѓународна поддршка дадоа ФБИ, ДЕА и Европол – соопштија од Обвинителството на БиХ, пренесува „Новости.рс“.

За апсењето на Гордан Мемија зборуваше и претседателот на Народ и правда Елмедин Конаковиќ.

– Ја поддржувам работата на сите институции, особено на судските, а предмет на интерес треба да бидат сите луѓе, особено ние што водиме партии и институции. Сите ние треба да бидеме под лупа, под надзор и кога е потребно под истрага. Тоа мора да бидат и луѓето со кои работиме, нашите најблиски соработници, бидејќи не можете да имате верба во институциите ако се сомневате во тие што ги водат тие процеси – рече Конаковиќ.

Sjećate li se spiska pripadnika FUP-a u čiju je odbranu sredinom februara ove godine stao ministar vanjskih poslova BiH @DinoKonakovic ? E, upravo ta trojica policajaca su jutros uhapšena u okviru akcije MUP-a KS i @SIPA_Policija provedene po naredbi Tužilaštva BiH. Emir… pic.twitter.com/QS7pzus91l

— Istraga.ba (@IstragaB) April 22, 2024

Набавка на униформи

Пред неколку години, за време на престојот во Сараево, Един Гачанин Тито финансираше набавка на униформи за Специјалната единица на Федералната полициска управа во знак на благодарност и добра соработка со ФУП.

Тој ги повика институциите сериозно да си ја вршат работата.

– Ги предупредувам сите што се пакуваат во овој процес дека нема да се забавуваат. Колку што не е дозволен криминал, не е дозволено ниту пакување – посочи Конаковиќ.

Рамо Исак, министер за внатрешни работи на БиХ, зборуваше за информациите дека се уапсени и лидерите на БиХ и рече дека функционирањето на МУП на БиХ нема да биде доведено во прашање и дека граѓаните можат да бидат спокојни.

– Не можеме да навлеземе во текот на истрагата, но доколку условно кажано на директорот на ФУП му се одземе слободата, таа должност ќе ја врши некој друг. Полицијата и армијата функционираат по хиерархија и тоа не може да биде загрозено – додава Исак.

Инаку, според медиумите од БиХ, картелот „Тито“ на чело со Гачанин со години перел пари од шверц на дрога низ Сараево, а со неговото апсење и отпакување на скај-апликацијата, правосудните институции прибавиле докази за огранок на картелот „Тито“ во Федерацијата.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy