
Уапсени тројца криумчари – во возилата пронајдени осум мигранти од Египет
На 30.07.2025 околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш.
Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти. Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум лица мигранти од Египет.
Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземени било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, од страна на ОПКМСР при РЦ за ГР Север ќе биде поднесена соодветна пријава.