Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсена вработена во МВР фатена со над 10.000 евра од измама
Магазин

Уапсена вработена во МВР фатена со над 10.000 евра од измама

18/05/2024

AA

Овластено службено лице вработено во МВР фатено на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама.

– На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.

Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија, соопштија од МВР.

Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.
Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.

МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници, потенцираат од полицијата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
Македонија

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

27/07/2026
Македонија

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки

27/07/2026
Македонија

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44693
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале своите мајки

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо возење

27/07/2026

Засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи ги спроведе во текот на изминатиот викенд резултираа со повеќе од 1.300

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026

Во Македонија од почетокот на годинава се регистрирани осум случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy