Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УАПСЕН ТАТКОТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЛАДЕНОВАЦ: Приведен во полициска станица!
Регион

УАПСЕН ТАТКОТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЛАДЕНОВАЦ: Приведен во полициска станица!

10/05/2023

AA

Белградската полиција го уапси Р.Б., татко на У.Б. (21), осомничен за масакрот во Младеновац, кој уби осум жители во крвавиот пир во три тамошни села – Мало Орашје, Дубона и Шепшин. Неговата најмлада жртва е 15-годишно момче

Засега не се знае за какво кривично дело се товари приведениот татко, јави „Курир.рс“.

Уапсениот татко е поранешен припадник на вооружените сили на Србија и му е одреден притвор до 48 часа. На неговиот син, кој е осомничен за осумкратно убиство, му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Како што објави „Новости.рс“, тој се товари за недозволено држење и тргување со оружје. Уапсен е во заедничка акција на обвинителството во Смедерево и Белград и членовите на СБПОК. 

При претресот пронајдени се неколку стотини куршуми, пиштол, револвер, барутен полнеж, оптички нишани… Се истражува потеклото на оружјето што е пронајдено во оваа акција, но и тоа што го користел неговиот син за време на масакрот во Младеновац.

Да потсетиме, 21-годишниот Урош Блажиќ минатиот петок вооружен со автоматско оружје изврши масакр, во кој наизменично пукал во соседите кои ги затекнал во трите споменати села. Притоа тој уби осум лица, а 14 сеповредни. Тој е уапсен во полициска акција, по 9-часовна потрага, кога бил пронајден во крагуевачкото село Вињиште, каде се криел во кокошарник на имотот на неговиот вујко и дедо.

Му дале засолниште, а еден ден подоцна сите биле приведени.

Масакрот во Младеновац се случи нешто повеќе од 48 часа по невиденото масовно убиство во белградското основно училиште и трагедија каква што Србија и српското образование не паметат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy