
Уапсен поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ и 10 соработници
Владимир Тодоровиќ, поранешниот градоначалник на Центар е уапсен синоќа. Уапсени се и уште 10 негови соработници.
Тодоровиќ и соработниците се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот Скопје 2014.
Тодоровиќ ја минал ноќта во полициска станица, а сега ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Одделот за организиран криминал во Кривичен суд.
Тодоровиќ беше градоначалник на Центар во период од 2009 до 2013 година.