
Уапсен е Дрин, внукот на Ахмети – причината ќе ве изненади!
Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, објави „Скопје1“.
Тој во моментот се наоѓа во полициската станица „Беко“, a според првичните неофицијални информации на порталот, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства.
„Скопје1“ пред полициската станица го сними возилото на Ахмети џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки, откако бил запрен од „Тигрите“.
Тие побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства чија продажба е забранета.
Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
Инаку, Дрин Ахмети од неодамна и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.