
УАПСЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ВУЧИЌ: Што му пиша на претседателот?
Во Србија, опозиционерот Младен Тањга објави стихови во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ.
Во објавената песна Тањга упатувала застрашувачки закани до најблиските до Вучиќ.
Полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград го уапси М.Т. под сомнение дека се заканувал на претседателот на Србија и на други српски политичари.
М.Т. е осомничен дека преку социјалните мрежи упатувал застрашувачки закани до претседателот, како и до претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“. M.T. e oсомничен за кривично дело Загрозување на сигурноста. И претходно српската полиција апсеше луѓе кои му се закануваа на Вучиќ.