
Уапсен државјанин на Словенија поради кражба во Скопје
На 23.06.2024 во 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Р.Словенија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од КЗ на РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
