
Уапсен директорот на Фондот за здравство на Република Српска за набавка на респиратори во корона кризата
Вршителот на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Српска (РС), Дејан Кустуриќ е приведен во денешната операција на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), со кодно име „Луна“, дознава Klix.ba.
Тој е приведен по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран и сериозен економски криминал на Јавното обвинителство на Република РС.
Претходно беа претресени приватни и службени простории на повеќе локации во Бања Лука. Во текот на денот ќе се знае дали ќе се бара притвор за Кустуриќ, а треба да се напомене дека во РС е во тек штрајкот на адвокатите.
Кустуриќ е осомничен за злоупотреба на положбата, односно за склучување милионски договори склучени за време на пандемијата на коронавирус во врска со набавка на медицинска опрема, вклучително и респиратори.
Договори за набавка на респиратори склучи Фондот за здравствено осигурување на РС со фирмата Медиетик д.о.о. Бања Лука. Обвинителството на РС веќе подолго време води истрага за набавка на 165 респиратори. Набавени се за 12,9 милиони КМ, без ДДВ.

