
Уапсен Борче Марковски, битолски бизнисмен чија компанија имаше милионски договори со РЕК Битола и почесен конзул на Белорусија!
Неофицијално, уапсен е Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола – фирма позната по милионските договори со РЕК Битола.
Финансиската полиција го сомничи за местење тендер вреден околу 100 милиони денари (1,6 милиони евра).
Марковски е долгогодишен партнер на РЕК Битола, со договори за ископ и механизација. Во јавноста беше споменуван како фирма која наплаќала и до 6.300 евра дневно за еден булдожер.
„Марковски Компани“, основана во 2002 година, има околу 300 вработени и приходи од речиси 2,8 милијарди денари во 2024 година.
Компанијата во последните години беше предмет на критики поради наводно нетранспарентни тендери и фаворизирање во државните договори.