
Уапсен 33 годишник од Гостивар, физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ се заканувал
На 15.01.2024 година во 22.00 часот во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.М. (33) од Гостивар затоа што десетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ѝ упатил закани.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
