
Уапсен 17-годишник за нападот врз Јанис Варуфакис – Се бараат уште две лица
Според информациите, 17-годишник e уапсен во областа Марузи, откако поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, заврши во болница со скршен нос.
Нападот врз Јанис Варуфакис во Егзархија, наводно, е извршен со лица од обезбедувањето во ресторанот во кој седел Варуфакис.
За апсењето полицијата го искористила визуелниот материјал од безбедносните камери во областа Егзархија.
Во медиумските информации се наведува дека тој го снимал тепањето, но имал и историја на кривични дела.
Според полициски извори, идентификувани се вкупно три лица, а за другите двајца се очекува апсење.
Покрај нанесување телесна повреда, напаѓачите се соочуваат и со обвинение за напад на лидер на политички субјект.