Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ – 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност
Економија

УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ – 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност

13/01/2025

AA

Управата за јавни приходи во декември лани, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, спровела контроли кај 696 објекти.

Како што информираат од УЈП, од вкупно извршените контроли, кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности, додека, кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности, и за нив биле изречени соодветни поднесоци.

Па така, биле изречени 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, потоа 29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати, 8 глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, 1 глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга, 2 глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи, 2 глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка, и 2 глоби за тоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.

„Воедно, УЈП ја информира јавноста дека кај 13 физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки“, информираат даночните власти. 

При контролите, 31 деловен објект биле затворени или објектите не биле најдени на наведената адреса или не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата. 

„Апелираме до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат во согласност со законската регулатива.  Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата“, пишуваат од Управата во своето соопштение до јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуционерни реформи: Изјаснување за донорство кај матичен лекар

18/06/2026
Македонија

Алиу за најавената реконструкција: Политичките функции се менливи, важно е

18/06/2026
Македонија

В сабота средба Мицкоски–Димитриевски за реконструкцијата на Владата – Минчев

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“ е географски и економски најлогичен

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ за првпат детално ги образложи причините поради кои

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота е да купуваме скапи софтвери

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ отворено говореше за воведувањето на системот со отпечатоци

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на фамилијарни традиции, крај за „прескокнувањето“

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во продолжение на интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се осврна на горливите проблеми со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy