Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП УТВРДИ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ 126 КОМПАНИИ: меѓу нив и нерегистрирани фирми, еве ги деталите
Економија

УЈП УТВРДИ НЕПРАВИЛНОСТИ КАЈ 126 КОМПАНИИ: меѓу нив и нерегистрирани фирми, еве ги деталите

08/12/2024

AA

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека од вкупно  907 контроли согласно Законот за регистрирање готовински плаќања, кои ги спровела минатиот месец (од 1 до 30 ноември), кај  750 даночни обврзници не биле утврдени неправилности.

– Тоа покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи. Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП  утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив – информира Управата.

Како што наведува во соопштение, 93 глоби биле изречени за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги; 10 глоби за неводење или непоседување книга за дневни финансиски извештаи; 16 глоби за непоседување резервен фискален систем на опрема; четири глоби за непоседување одобрен фискален систем на опрема; две лоби за неиздавање парагон блокови и една глоба за неприкажување промет од македонски производи.

УЈП напоменува дека во овие случаи, „целта не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците“.

– Дополнително, во рамките на  активностите во периодот на контролата беа констатирани три  случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење, се наведува во соопштението. 

Управата за јавни приходи информира дека ќе продолжи со своите активности и „ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел  почитување на законските прописи“. Апелира до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски  да го регистрираат  готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки.

– Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка  за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите – соопшти УЈП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy