Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП со важно соопштение за граѓаните!
Македонија

УЈП со важно соопштение за граѓаните!

03/04/2025

AA

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност кои досега не ја завршиле постапката за замена на кодовите за идентификација, што се користат за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер, да ја завршат оваа постапка пред крајниот рок за поднесување на МПИН пресметките, до 10 април 2025 година. Воедно потсетуваме дека кодовите за идентификација се користат само за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер и не се користат за потпишување на МПИН пресметките поднесени преку системот е-Даночни услуги.

Од воведување на можноста за поднесување на електронски барања за издавање код за идентификација, односно од 06 март 2025 година, преку системот е-Даночни услуги до денес поднесени се вкупно 28.609 барања за издавање на код за идентификација. Од нив обработени се 24.261 барање, од кои 16.739 се веќе преземени од страна на даночните обврзници. За преземање од страна на обврзниците остануваат уште 7.522 кодови. Апелираме обврзниците да направат проверка на своите профили на системот е-Даночни услуги и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени.

Имајќи ја предвид обемноста на процесот, а со цел навремено постапување по барањата, Управата за јавни приходи има формирано тимови кои интензивно работат на овој процес. Во врска со постапката за поднесување на барање за издавање код за идентификација како и постапката за инсталација на преземените кодови, Управата за јавни приходи има изготвено и објавено Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата и видео упатство за инсталација на кодовите (види линк  http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1110 и

 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1112 ).

Со цел навремено и точно информирање на даночните обврзници сите информации во врска со издавањето и инсталацијата на кодовите се проследени и до Институтот за сметководители и овластени сметководители и Комората на сметководители.

Дополнително, Управата за јавни приходи информира дека до денес, 03 април 2025 година, 43.002 даночни обврзници имаат поднесено МПИН пресметки за месец март 2025 година кои се прифатени и одобрени од страна на Управата за јавни приходи. Од нив, 11.636 обврзници веќе имаат исплатено бруто-плата по одобрените пресметки. Според евиденциите на Управата за јавни приходи во наредниот период до истекот на крајниот рокот за поднесување, односно до 10 април 2025 година, се очекуваат пресметки од уште околу 21.393 даночни обврзници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy