Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП потврди дека на „Водостопанство“ му е блокирана сметката
Економија

УЈП потврди дека на „Водостопанство“ му е блокирана сметката

28/04/2023

AA

Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со медиумите потврди дека на акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системите за наводнување „Водостопанство“ има блокирана сметка поради неисплатени плати.

Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше дека повеќе од 500 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар. Додека претприето е во ваква ситуација, директорот Локман Лимани испратил 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција.

Од УЈП рекоа дека „Водостопанство“ должи 70 милиони денари и дека се бара соодветно решение како да се одблокира сметката.

„Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените. Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски“, истакна Трипуновски, кој побара итно разрешување на директорот Лимани.

Работењето на „Водостопанство“ во изминатите години отвара големи сомнежи. Државниот ревизор за 2021 констатираше загуба, иако од централниот буџет пристигнала финсиска помош од 2 милиони евра. 

Владата префрли 110 милиони денари за АД Водостопанство непосредно пред Нова година како помош за исплата на плати. Тоа е сума од 1,8 милиони евра. Треба да се знае дека на крајот на септември ова претпријатие за наводнување веќе еднаш доби 100 милиони денари од Владата, која во тоа време донесе заклучок со кој ги задолжи членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да ги намалат своите надоместоци за 50 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy