Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗА ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ СО ДЕЦА Стаса и честитка од ФБИ за апсењето на сајбер измамникот од Мала Речица
Македонија

ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗА ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ СО ДЕЦА Стаса и честитка од ФБИ за апсењето на сајбер измамникот од Мала Речица

15/10/2026

AA

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица, осомничен за повеќе кривични дела поврзани со компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и недозволена експлицитна содржина со деца. За него е побаран притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со вршење кривични дела.

Станува збор за Е. А., кого Министерството за внатрешни работи го поврза со администрирањето на нелегалниот онлајн пазар OLVX. По акцијата, во која учествувало и американското Федерално истражно биро (ФБИ), американската агенција ѝ честиташе на македонската полиција за апсењето, наведувајќи дека платформата ја загрозувала дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани.

Според Основното јавно обвинителство Тетово, повеќемесечните предистражни дејствија, координирани од јавен обвинител, обезбедиле докази што упатуваат на основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик.

Обвинителството сомничи дека во периодот од 2025 до 2026 година, 20-годишникот администрирал нелегална онлајн група на апликацијата „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Тој е осомничен и за Злоупотреба на лични податоци по член 149 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, делото било поврзано со администрирање домени и веб-страници на платформата OLVX, која функционирала како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.

Корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и податоци за пристап до кориснички сметки. Во периодот на нејзиното функционирање биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни податоци што им припаѓале на физички и правни лица.

Во рамките на истрагата, врз основа на судска наредба обезбедена по барање на јавниот обвинител, бил извршен претрес кај осомничениот. Притоа биле одземени два мобилни телефони.

При проверката на еден од телефоните, во скриена папка биле пронајдени вкупно 29 видеоснимки со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца, соопшти Обвинителството.

Поради тоа, на 20-годишникот му се става на товар и кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор. Како причини се наведени ризикот од бегство и опасноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела.

Американското Федерално истражно биро ја поздрави акцијата на македонската полиција против администраторот на платформата OLVX.

„ФБИ им честита на нашите партнери од единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Северна Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX“, се наведува во објавата на американското биро.

Според ФБИ, платформата била активна од 2023 до 2025 година. Преку повеќе од 1.500 сметки, според наводите на агенцијата, незаконски се продавале лични податоци на жртви и податоци за најава на нивните кориснички сметки.

„Постоењето на оваа платформа директно ја загрозуваше дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани кои се потпираат на сигурноста на сметките што ги користат“, соопшти ФБИ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy