
УЈП: 20 илјади работници сè уште не ја добиле ноемвриската плата
Работодавците признаваат дека има проблем при исплатата на платите. Според нив растот на платите не ја следи продуктивноста.
Околу 20 илјади работници сè уште не ја добиле ноемвриската плата според пресметката на УЈП заклучно со втори декември. И додека на некои примањата не им ги покриваат основните трошоци за живот, овие 20 илјади семејства празниците ги поминуваат без денар.
Работодавците признаваат дека има проблем при исплатата на платите. Според нив растот на платите не ја следи продуктивноста.
Домашните компании во 2023-та година добиле финансиска поддршка од 1,9 милијарди денари државни пари, а опфатени се и во антикризните мерки.
Александра Велинова

