Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТВРДАТ ДЕКА ГИ ТОЛЕРИРАЛЕ СО ГОДИНИ: Косово прогласи две српски организации за терористички
Регион

ТВРДАТ ДЕКА ГИ ТОЛЕРИРАЛЕ СО ГОДИНИ: Косово прогласи две српски организации за терористички

29/06/2023

AA

Две организации на косовските Срби, Владата на Косово ги прогласи за терористички. 

Владата на Косово донесе одлука да ги прогласи за терористички организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, нелегални формации на косовските Срби, кои дејствуваат на северот. Премиерот Албин Курти на денешната седница рече дека тие организации претставуваат „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок на Косово“. Вели дека тие го организирале „регрутирањето и обуката на свои припадници за користење огнено оружје и воени методи во воени бази во Србија“ и организирале напади врз домашните и меѓународните институции.

„Поаѓајќи од тоа дека со загрозувањето на уставниот поредок нема компромиси, а имајќи за цел заштита на сите граѓани на Косово, (поаѓајќи) од дејствијата со терористички елементи, вклучително оружените напади врз Полицијата на Косово, КФОР и ЕУЛЕКС, нападите врз граѓаните и политичките противници…, предизвикувањето општа опасност, уништувањето јавна и приватна сопственост, попречувањето на слободата на движење, принудувањето на граѓаните за учество на протести, барикади и други форми на отпор…, регрутирањето и обуката на сопствени припадници за користење огнено оружје и воени методи во воени бази во Србија со цел вршење напади врз домашни и меѓународни институции во Косово, заканите и заплашувањето на граѓаните на северот на земјата… „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ се прогласуваат за терористички организации во Косово“, рече Курти.

Министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља рече дека се работи на идентификувањето на тие кои ги загрозуваат уставноста, законитоста и безбедноста на Косово и ги обвини претходните влади дека ги толерирале групите кои вршеле такви дејствија.

„Тие групи со години се толерирани. Повеќе од две години нашите законити одлуки се соочуваа со блокади, оружени напади врз припадниците на полицијата, напади врз државните објекти, врз политичките противници, врз новинарите итн. МВР се ангажира за идентификување на тие лица кои извршиле кривични дела“, рече Свечља.

На прогласувањето на двете организации за терористички се спротивстави единствениот министер Србин во Владата на Курти, Ненад Рашиќ, кој побара од министерот Свечља да го преиспита предлогот.

„Некои одлуки се избрзани и мислам дека треба да се движиме многу внимателно. Ве молам доколку е можно да размислите уште еднаш и да ги преразгледаме предлогот и одлуката, затоа што стравувам дека ќе ги разделиме патиштата со нашите соговорници на север. Ваквиот пристап ќе не оддалечи многу од нив“, рече Рашиќ.

Курти го именува Рашиќ за министер за заедници и враќање, откако во ноември лани најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, одлучи да ја напушти владината коалиција, како и да ги бојкотира Парламентот и другите државни и локални институции на Косово.

Експлозивна направа утрово е фрлена на киоск во Северна Митровица, кој косовската полиција го користела како контролен пункт.

фото МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42418
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира тропски ноќи во Македонија

13/04/2026

Метеопрогнозерот Славчо Попоски очекува претстојното лето во Македонија да биде значително потопло од просекот, со чести топлотни бранови од Африка

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy