
ТВ21: Пукање вечерва во Скопје, едно лице тешко повредено!
Вечерва се случило пукање во Скопје, дознава ТВ21. Едно лице со повреди е донесено во Градската општа болница. Според првичните информации на ТВ21, пукањето било во Сингелиќ. Пукано било во возило кое имало две лица. На лице место се пронајдени седум чаури.
