Турскиот производител на беспилотни летала започна со изградба на фабрика во Украина
Турската компанија „Бајкар“ започна со изградба на фабрика во близина на Киев, која ќе вработи околу 500 луѓе и ќе ги произведува своите модели на дронови, изјави денеска извршниот директор на компанијата Халук Бајрактар.
Тој за Ројтерс на маргините на Светскиот одбранбен саем во Ријад потврди дека е започната изградбата на фабриката, која треба да биде завршена за околу 12 месеци.
„Потоа преминуваме кон поставување на внатрешната механизација, опрема и организациска структура“, рече тој.
Бајрактар истакна дека производствениот капацитет ќе биде околу 120 единици секоја година, но додаде дека сè уште не е јасно дали производството во украинската фабрика ќе биде фокусирано на моделот на беспилотни летала TB2 или TB3.
“The Turkish company Baykar began construction of a drone factory near Kiev” – Reuters.
— Construction of the plant will be completed in 12 months, then it will be equipped
— The company plans to hire about 500 people
Despite the fighting, the head of the company… pic.twitter.com/XkiG5pEeAP
— Lord Bebo (@MyLordBebo) February 6, 2024
Беспилотните летала Bayraktar од турско производство станаа популарни во светот откако украинската армија почна да ги користи во војната против руските сили за уништување оклопни возила и артилериски системи, пренесува Танјуг.
„Бајкар“ претходно објави дека склучил договори за извоз на својот дрон ТБ2 со 30 земји, меѓу кои Украина, Етиопија, Либија и Азербејџан.
“The well-known Turkish company for the production of unmanned aerial vehicles Baykar expects to complete the construction of a plant near Kiev within a year, which will employ about 500 people, Reuters reported, citing the company’s CEO Haluk Bayraktar.
“Our plant is under… pic.twitter.com/O61mm830A1
— Victor vicktop55 (@vicktop55) February 6, 2024
Фото: Принтскрин/Твитер