Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева пресече: Изборите ќе бидат редовни, СДСМ ги очекува уште посериозен пораз од тој пред 2 години!
Македонија

Митева пресече: Изборите ќе бидат редовни, СДСМ ги очекува уште посериозен пораз од тој пред 2 години!

14/05/2026

AA

Иако анкетите покажуваат огромна доверба за владејачката партија, Владата останува на ставот дека на Македонија и е потребен период на стабилност и реализација на ветеното, наместо нови изборни циклуси. Ова го потврди портпаролката Марија Митева во гостувањето на 4ТВ, одговарајќи на прашањето дали се планираат предвремени парламентарни избори.

Митева појасни дека доколку ВМРО-ДПМНЕ се води исклучиво од математики и висок рејтинг, изборите би се случиле веднаш, но одговорноста пред граѓаните налага поинаков пристап.

„Ако го гледаме нашиот тесно политички интерес, би можеле веќе утре да одиме на избори согласно анкетите кои покажуваат несомнена доверба. Но, гледајќи го државниот интерес, не смееме да ја вовлекуваме државата во нов циклус кој троши време и пари, а ја запира реализацијата на проектите. Ова е реформска година на сериозни инвестиции и сметаме дека изборите треба да бидат редовни“, изјави Митева.

Портпаролката нагласи дека владината коалиција е стабилна и максимално фокусирана на програмата, но додаде дека партијата е подготвена за соочување со граѓаните во секое време.

Митева упати остри критики до опозицијата, тврдејќи дека нивните повици за избори се само фасада зад која се крие неподготвеност и внатрешен раздор.

„Не гледам дека СДСМ е подготвена – ниту кадровски, ниту имаат визија или програма. Кај нив владее идентитетска криза. Од една страна велат дека се за ЕУ, а од друга излегуваат од работни групи за реформските закони. Кога ќе се спомнат избори, кај нив се чувствува страв и паника. Верувам дека на следните избори ги очекува уште посериозен пораз од оној пред две години“, децидна е Митева.

Таа потсети дека опозицијата не поддржала ниту укинување на техничката влада, што според неа е уште еден доказ за политичката какафонија во која се наоѓа левицата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy