Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турскиот град Ерзин нема жртви и урнати згради во земјотресот оти градоначалникот не дозволувал илегално градење
Македонија

Турскиот град Ерзин нема жртви и урнати згради во земјотресот оти градоначалникот не дозволувал илегално градење

17/02/2023

AA

Смрт и уништување го окружуваат Ерзин, но овој мал град во јужната турска провинција Хатај е оаза на безбедност и нормалност додека регионот се справува со последиците на катастрофалниот земјотрес, кој однесе над 41.000 животи во Турција и Сирија, пренесува СДК.мк

Жители и официјални лица велат дека во Ерзин нема жртви и урнати згради по моќниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, иако се наоѓа стотина километри од неговиот епицентар. Според турскиот весник „Хуријет“, ова се должи на рестриктивните активности на градоначалникот Екеш Елмасоглу, кој не дозволил да се кршат важечките стандарди во градежништвото.


Во целиот град со 42.000 жители се оштетени само неколку семејни куќи и џамии. Обемот на уништувањето е мал и затоа што најголем дел од станбените објекти се со четири ката, а највисоките згради имаат пет ката.

„Не дозволив илегално градење под никакви околности. И покрај тоа, имаше некои кои се обидоа. Во почетокот не бевме во можност да ги следиме зашто немавме доволно персонал, но подоцна ги пријавивме тие луѓе во канцеларијата на обвинителот и ги срушивме нелегално изградените објекти“, вели Елмасоглу.


Тој кажа дека во Турција е потребна целосна промена на менталитетот во поглед на почитувањето на градежните стандарди.

„Граѓаните не треба да очекуваат никакви отстапки од државата кога е во прашање илегалното градење“, вели Елмасоглу.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44902
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy