Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Tурската поетеса од Скопје Лејла Шериф Емин напиша песна за независноста на Македонија
Македонија

Tурската поетеса од Скопје Лејла Шериф Емин напиша песна за независноста на Македонија

09/09/2023

AA

Песната напишана од турската поетеса од Скопје Лејла Шериф Емин за независноста на Македонија привлекува големо внимание на социјалните мрежи.

Убава Македонија
Ниту сум хипотетична, ниту далечна
Туку гранка искуната помеѓу печалба и татковина
Измеѓу зеленила, на срцето на Балканот
како еден осамен Ан сум…
На десна страна се издига Шар планина
На лева ми лежи Вардарската долина
токму таму каде се вдишува најбистриот балкански воздух
Ние сме тие кои со заеднички заложби печиме ајвар
во едно септемвриско комшиско друштво,
Ние, кои од ист жар ни горат душите,
сепак ја чекаме надежта пред исто тенџере
Еве те, моја мала земја со огромно срце,
еве те стоиш карши мене Македонијо
Јас израснав токму овде, одма до Куршумли Ан
Во срцето на Скопје
Чаршијата ни беше нашето игралиште
над калдрмите ни крвареа детските рани
Пораснавме со љубов, и сплотени заедно
чаршиско дете ни беше надимакот
Без да прашаме за јазик и вера,
си го делевме лепчето заедно
но никогаш симитот од погачата
посебно онаа од кај чичко Илјо или бабичката
Ако сме натажени или истопени од портокалов бран
Од Охрид баравме чаре и дерман,
Та ако не е доволно, зумбулот Мавровски го намирисавме,
Во различни филџани кафе пиевме
но сварени од исто џезве
знаевме да гледаме и на кафе
И да ни се падне тага на гатање
Ќе ја истеравме тагата заедно со талогот во чаршиската чешма
Дојранската риба беше што не нахрани сите
над косите имавме круни од булките на Чаликли
Најубава на Балканот, моја напатена Македонијо
Да те прегрнеме моќно, да ти бидеме штит карши сите
Да те чуваме сите заеднички од душмани и злонамерни
Да те одгледаме со љубов и Мир
Верувај, тогаш никој не ќе може да го чепне нашиот Ан
Слободни сме ако и ти си слободна
Ти посакуваме многу години исполнети со берикет и среќа
Биди ми вечна
За многу години Македонија…
08.09.21
Скопје

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy