
Турската лира повторно доживеа колапс
Паѓа вредноста на турската лира непосредно пред изборите.
Таа вчера падна на најниско ниво во историјата во однос на американскиот долар поради неизвесноста околу исходот на претседателските и парламентарните избори што треба да се одржат во средината на мај. Турската валута се намали на 19,5996:1 во однос на американскиот долар. Ова е најниско ниво од создавањето на новата турска лира во јануари 2005 година. Со години турската лира е нестабилна. Таа падна лани, но и претходните години губеше од вредноста. Турција годинава се соочи и со висока инфлација.
Доларот и рубљата исто така варираат.
foto freepik.com/ Utku Demirsoy

