Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка по осми пат за помалку од една година
Македонија

Турската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка по осми пат за помалку од една година

28/01/2024

AA

Централната банка на Турција (TCMB) пред неколку дена објави дека осми пат по ред ја зголеми референтната каматна стапка, овој пат од 42,5 на 45 отсто.

Почнувајќи од јуни 2023 година, банката ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени.

Постоечкото ниво на домашна побарувачка, постојаната инфлација во услужниот сектор и геополитичките ризици продолжуваат да вршат нагорен притисок врз инфлацијата во Турција, според веб-страницата TCMB.

Сепак, последните податоци покажуваат дека домашната побарувачка во Турција се намалува бидејќи монетарното затегнување се одразува и на финансиските услови, а забележани се и некои други позитивни сигнали, се посочува во соопштението на банката.

Централната банка на Турција најави продолжување на рестриктивната монетарна политика со цел да се потисне инфлацијата во земјата и нагласи дека последиците од монетарното затегнување се забележуваат дури по одреден временски период.

Комитетот за монетарна политика на ТЦМБ ќе продолжи внимателно да ги следи показателите за инфлација и решително да ги користи сите инструменти што му се на располагање за да ја постигне својата основна цел, а тоа е стабилноста на цените, се заклучува во соопштението.

Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на 64,77 отсто во декември од 62 отсто во ноември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на јануари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy