Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРСКА И ГЕРМАНСКА ФИРМА ЌЕ ИНВЕСТИРААТ 80 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува уште најмалку  3 потврди за инвестиции до крајот на годината
Македонија

ТУРСКА И ГЕРМАНСКА ФИРМА ЌЕ ИНВЕСТИРААТ 80 МИЛИОНИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Мицкоски очекува уште најмалку 3 потврди за инвестиции до крајот на годината

19/12/2025

AA

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80 милиони евра.

– Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди – изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.

– До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија – објасни премиерот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АМБАСАДАТА НА САД Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АГЕЛЕР По 3

22/12/2025
Македонија

Мицкоски вели дека не е против зголемувањето на минималната плата,

22/12/2025
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Доаѓаат поројни врнежи дожд и снег до 10

22/12/2025
Македонија

Граѓанскиот сектор алармира: Новите измени на КЗ не го враќаат

22/12/2025
Македонија

СТОЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Ако нема субвенции, на 26 декември ја

22/12/2025
Македонија

ПОПЛАДНЕВО ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН Се очекува протестите да

22/12/2025
Македонија

Анита Тополова-Исајловска е нова в.д. државна јавна обвинителка

22/12/2025
Македонија

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39287
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АМБАСАДАТА НА САД Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АГЕЛЕР По 3 години служба Анџела заминува од

22/12/2025

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп

Мицкоски вели дека не е против зголемувањето на минималната плата, но мора да биде резултат

22/12/2025

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Доаѓаат поројни врнежи дожд и снег до 10 сантиметри

22/12/2025

Под влијание на влажни воздушни бранови од утре кон крајот на денот и во следните два дена (24.12 и 25.12.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy