
Турканици, караници и чекање со часови на пунктот „Пролет“ – документи се пополнуваат и на корпа за отпадоци
И денеска голем метеж на пунктот „Пролет“.
Граѓаните чекаат да се фотографираат за лични документи без закажување, но истото трае со часови.
Граѓаните се жалат на недоволна ажурност на полициските службеници, а наместо на шалтер или биро, документите се пополнуваа и на корпа за отпадоци.
„Не знаат да работаат. Нас не тераат тука да чекаме, не знам што е проблемот. Не ги разбирам, за гласањето ги продолжуваат личните карти, а пасошите не ги продолжуваат“, вели еден граѓанин.
Сликата не е ништо поразлична и на шалтерите каде се подигаат личните документи. И таму може да се забележат турканици, караници, како и чекање со часови.
Инаку, досега се издадени над 1.200.000 пасоши во државава.
