Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРИСТИТЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, НА УДАР МЕДИТЕРАНОТ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ?! – секторот под влијание на природните непогоди
Економија

ТУРИСТИТЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, НА УДАР МЕДИТЕРАНОТ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ?! – секторот под влијание на природните непогоди

19/09/2024

AA

Разни кризни
ситуации, ковид пандемијата, елементарните непогоди, честите пожари од големи
размери, недостигот на снег и бројни други промени кои се појавија во
последниве години се причини за „тектонски“ промени во туризмот во Европа и во
светот.
Ова е дел од заклучокот на анализата изработена од комисијата на
Европската унија, каде се посочуваат најголемите „удари“ за туристичкиот
сектор. Аналитичарите посочуваат дека сите промени кои настануваат, особено
ненадејните драстично го менуваат туризмот во Европа.

– 
Проекциите
врз основа на податоци од 269 европски региони покажуваат дека туристичката
побарувачка ќе се промени, особено во крајбрежните области. Очекувањата се да има зголемување на бројот на посети на северна
регионите, наспроти јужните кои ќе се соочаат со намалување. Ова
станува поизразено со затоплувањето – се наведува во анализата на ЕУ.

Нагласуваат дека
сезонската туристичката побарувачка се очекува постепено да се смени со намалување
на патувањата во лето и раст во зима. Поради високите температури, бројот
на луѓе кои планираат да го посетат Медитеранот во период јуни-ноември е
намален за 10 отсто, а туристите наместо тоа размислуваат за патувања во Чешка,
Данска, Ирска и Бугарија.

Се потенцира дека
и недостигот на сигурен снег ќе ја промени туристичката побарувачка во регионот
на Алпите, каде годишно престојуваа 120 милиони туристи. Скијачките подрачја
под 1.500 метри ќе бидат без снег во блиска иднина, што ќе влијае врз една
четвртина од алпските одморалишта
. Пазарниот удел на одморалиштата на
повисоките локации најверојатно ќе поскапуваат поради поместување на
ски-туризмот на повисоки надморски височини.

Во анализата се
нагласува дека доколку се реализираат најавите за глобално затоплување, кое
веќе е видливо, алпските ски-центри би можеле да имаат 40 проценти помалку
снежни денови годишно до крајот на векот,
снег 137 дена во годината, 80 помалку
од сегашниот просек. Притоа е посочено дека природната снежна покривка може целосно
да исчезне во едно од осум одморалишта во светот.

– 
Зачестеноста
на различни кризни ситуации во Европа е зголемена во последните години,
вклучително и оние поврзани со климатските промени, новите заразни болести и
војните. Особено, пандемијата на Ковид го парализираше туристичкиот сектор на
ЕУ, а компаниите и заедниците кои зависат од туризмот претрпеа голем притисок –
се вели во извештајот на Европската комисија за патувања.

Скијачките
одморалишта и жичарите низ Швајцарија – која се затоплува двојно повеќе од
глобалното просечната стапка поради недостатокот снег, се обидуваат да ги
окупираат туристите со други форми како алпски велосипедски патеки за да се
компензира задоцнетата скијачка сезона. Во јануари 2023 година само 16 од 70
ски патеки биле отворени во луксузното одморалиште Гштад, а употребата на
жичарница околу 35-40 проценти помала од претходната година.

– 
Во
Шпанија се забележани докази за промена на временските обрасци кои влијаат на
туристичката побарувачка, бидејќи туристите трошат повеќе во поладневните
крајбрежни општини во Шпанија отколку во потоплите
. Помеѓу летото 2019 и летото
2023 година, расходите за туризам се зголемија во просек за 45 отсто во
постудените и за 35 проценти во потоплите места. Дополнително, за време на
летните горештини во 2023 година, туристите ги намалија своите трошење во
најжешките периоди од денот, помеѓу 12 и 17 часот, ги зголемија меѓу 22 часот и 7 часот наутро
–
се нагласува во извештајот.

Сепак, фактот
дека туризмот закрепна релативно брзо по пандемијата може да сугерира дека
побарувачката е прилично отпорна. Но, тоа не мора да значи дека понудата во
европскиот туристички сектор стана поотпорна на идните кризи, кои стануваат се
поголеми и посложени.

– 
Индустријата
за патување и туризам е ранлива на широк спектар на ризици, вклучувајќи
терористички напади, епидемии, пандемии, природни катастрофи и други ризици кои
ја загрозуваат безбедноста на туристите, и би било погрешно да се претпостави
дека одредени земји или видови дестинации се имуни на одреден тип инциденти
. На
пример, малкумина очекуваа дека за 12 часа во април 2024 година, Дубаи ќе
доживее количина на врнежи што паѓа во една година, што предизвика невидени
поплави и принуди затворање на аеродромот – еден од најголемите меѓународни
центри за воздушен сообраќај и еден од најпрометните аеродроми во светот – се нагласува
во анализата.

Потоа додаваат
дека има многу видови кризи за кои засегнатите страни од туристичкиот сектор во
Европа ќе треба да се подготват во наредните години. Се претпоставува
дека идните кризи ќе бидат поголеми и понепредвидливи и дека ќе претставуваат
поголеми стратешки и оперативни предизвици за националните туристички
организации.

Врз промените во туристичккиот сектор до 2100 година во
голема мера ќе влијаат климатските промени, се наведува во извештајот за кризи
во туризмот на Европската комисија за патувања.

Според извештајот, ќе се зголеми посетеноста на крајбрежните во северните региони, а јужните
региони ќе имаат помал број туристи. Особено поради сценарија кои
предвидуваат повисоки температури.
Притоа, побарувачката за туризам се очекува да се менува со годишните времиња. Дури
се проектира
намалување на побарувачката во летниот период, а зголемување во постсезоната и во зима.

П.О.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy