Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРЦИ СТУДИРААТ ВО ШТИП: Дали по дипломирањето би работеле во земјава?
Економија

ТУРЦИ СТУДИРААТ ВО ШТИП: Дали по дипломирањето би работеле во земјава?

24/10/2024

AA

Турците кои
студираат во Штип на Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека по дипломирањето
нивните сонародници најчесто се враќаат во Турција, таму бараат вработување, а
доколку не успеат да најдат добра работа сo посакуваните услови, бараат
можности во некоја од европските земји.

Тие се свесни
дека Македонија е сиромашна земја и обично не планираат да работат овде. За нив Македонија не е атрактивно место за работа и живеење.

„Сепак,
студентите кои дипломираат не бираат да останат во Македонија, туку да се
вратат во Турција доколку можат да најдат можност за работа со посакуваната плата.
Ако не можат да најдат работа, бараат опција  во земјите со
висок стандард во Европа. Продолжувањето на животот во Македонија не е
атрактивно поради платите и инфлацијата. Генерално, ние турските
студенти ја користиме Македонија како отскочна штица. Исто така, факт е дека
проблемите во светот предизвикуваат пораст на инфлацијата во сите земји и би
било погрешно да се оценува ова само во Македонија“, објаснува Тефик Алп Јигит,
турски студент.

Друг студент кој
се образува во Штип и веќе го владее македонскиот јазик, објаснува дека
македонските плати се ниски и тешко би се решиле да останат тука.

„Најголем дел од
студентите се враќаат во Турција, а оттаму можат да заминат во странство,
најчесто во Германија“, додава тој.

Oвој млад човек
вели дека е добро по студирањето да си отворат своја ординација доколку се во
можност и да бидат сами свои газди, да не зависат од друг. Додава дека и во
Турција и во Македонија тоа според него е добро решение.

„Дел од
студентите кои дипломирале на Штип сакаат да се вратат во Турција, дел да
живеат во Македонија, но најголемиот дел од студентите сакаат да заминат во
Европа и таму да работат, како мене. Да се најде работа во Турција не е тешко. Само
квалитетот на животот во Турција не е многу висок. Куповната моќ е мала. Треба
да имаме многу пари за да живееме удобно во Турција. Во друга земја,
поудобно е да се живее со ниска плата во споредба со Турција, бидејќи куповната
моќ е висока, но и квалитетот на животот е висок“, објаснува студент од
Текирдаг.

Македонија има
потреба од работна сила. Илјадници работници се потребни во повеќе сектори во
државата и газдите имаат проблем да ги обезбедат. Првично се сметаше дека
работниците од Непал ќе ги пополнат тие работни места, но потоа во полициските
билтени имаше многу пријави дека непалски или работници од Бангладеш избегале
од фирмите каде работеле во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други места.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46779
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од

15/11/2026

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy