
Турција во ќар од увозот на поевтина руска нафта
Турција заштедила околу 1,83 милијарди евра годинава со зголемување на увозот на руска нафта и нафтени деривати по намалени цени.
Ова го тврдат западните агенции, повикувајќи се на податоци од агенцијата LSEG и проценки на трговците.
Турција од земјите од Западот сега е најголемиот увозник на руска нафта. Анкара заштеди повеќе благодарение и на близината до руските пристаништа.
Податоците на агенцијата покажуваат дека Русија извезе 400.000 барели нафта дневно во Турција во ноември, што претставува околу 14 отсто од вкупниот глобален извоз на нафта на Русија минатиот месец.
