Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турција собира данок на земјотрес, стручњаците советуваат да не се брза со обновата
Регион

Турција собира данок на земјотрес, стручњаците советуваат да не се брза со обновата

21/02/2023

AA

Експертите предупредуваат дека брзата реконструкција на зградите во Турција, оштетени од неодамнешните разорни земјотреси, може да биде опасност во случај на нов силен земјотрес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира брза реконструкција – неговата намера е да го обнови истокот од земјата во рок од една година. Се проценува дека за тоа ќе бидат потребни 25 милијарди долари, но некои веруваат дека ќе чини значително повеќе.

Според властите, потребно е итно реконструирање на 380.000 станбени единици во 105.794 згради од вкупно 2,5 милиони згради во источна Турција.

Како што јави агенцијата Ројтерс, бумот во градежниот сектор го одбележа дводецениското владеење на Ердоган. Во тој период од данокот за земјотреси се собра 38 милијарди долари. Тој данок сè уште постои и може да се искористи за да се обезбедат пари за реконструкција.

Претседателот на Турција најави дека државата ќе им плаќа кирија на оние кои ги напуштија градовите погодени од земјотресите. Според него, зградите ќе се реобноват во рок од една година и ќе им бидат вратени на граѓаните.

Но, експертите повикуваат на претпазливост. Посочија дека треба внимателно да се спроведуваат стандардите за сеизмичка безбедност и да се градат побезбедни објекти.

„Не само што е потребно да се заменат срушените згради, туку е неопходно и да се планираат градовите врз основа на научни податоци, да не се гради на раседни линии и да се учи од грешките. Прв приоритет е новото планирање, а не изградбата на нови згради, “ изјави поранешниот претседател на Комората на архитекти во Истанбул Есин Којмен.

Во земјотресите на почетокот на овој месец во Турција и Сирија загинаа повеќе од 46.000 луѓе, а повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над главата. Ова се случи кога температурите на воздухот се ниски, поради што сместувањето во шатори е несоодветно. Во областа погодена од оваа природна катастрофа живееле 13 милиони жители, од кои два милиони се евакуирани.

Некои експерти се на мислење дека земјотресите покажале колку е кревка турската инфраструктура. Оттука и стравот дека брзата обнова може да значи малку време за да се исправат грешките од минатото.

„Кога велат дека започнуваме со градба за еден месец, а ја завршуваме за една година, без урбанистичко планирање, тоа значи дека не сме сфатиле каква катастрофа не погоди, потребни се месеци за да се изработат урбанистички планови и многу е погрешно да ги игнорирање“, предупреди заменикот.претседателот на Комората на инженери Нусрет Сун.

Министерот за урбанизам Мурат Курум минатата недела изјави дека владата при планирањето на реконструкцијата ќе ги разгледа деталните геолошки истражувања и го објави тендерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy