
Турција се премисли за доматите, извоз ќе има
Иако беше најавено дека Турција нема да дозволи извоз на домати, сепак државата ја смени одлуката.
Турција од вчера ја укина забраната воведена на 2 март, јави БТА, повикувајќи се на турската приватна телевизија НТВ.
Министерството за земјоделство и шумарство на Турција пред неколку дена воведе привремено ограничување на извозот на домати до 14 април поради наглото зголемување на нивните цени и поради последиците од разорниот земјотрес што погоди 11 провинции. На 6 февруари имаше силен земјотрес во Сирија и Турција.
foto freepik.com/vkstudio
