Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тунески: Ќе дојдат петорица Грци и ќе ни го земат „Тиквеш“ и Црна Река
Економија

Тунески: Ќе дојдат петорица Грци и ќе ни го земат „Тиквеш“ и Црна Река

12/12/2023

AA

Професорот Атанаско Тунески во емисијата „Утринска“ на Телма упашти уште еднаш апел до надлежните да не го даваат проектот „Чебрен“ на странски инвеститор, затоа што, како што кажа тој, би ја загубиле и хидроцентралата Тиквеш и Црна Река.

„Ќе донесат петорица Грци, ќе соберат пари, кајмак, вода, се ќе соберат. Тоа ќе значи дека наместо досегашните 8 милиони евра, од ХЕЦ Тиквеш струјата ќе ни ја продаваат за 40 милиони евра. Одма ќе се зголеми цената. Таа струја сега што ја користиме, е дел од Тиквеш, сега не чини X, а ќе не чини понатаму 5Х. Кој ќе го плати тоа, ако не народот“, рече поранешниот член на Регулаторна комисија за енергетика во студиото.

Тој дополни дека и порано имало идеја да се даде „Чебрен“ на странци, но иако понудата била подобра, ниту тоа не било прифатливо.

„Германците понудија 49 отсто од струјата за нас, не од ќарот, а концесијата беше 39 години, а сега треба да се даде на 60 години. Беше одбиена затоа што не беше добра ниту таа понуда. Концесија од 60 години е многу. Ќе има многу што не се ни родени, а нема да доживеат до тогаш. Секој ден ќе му даваме по 100.000 евра некому екстра, а тоа не се мали пари“, смета порнешниот директор на МЕПСО.

Тој го повика Министерството за животна средина да не го потпишува договорот за концесија со грчката ЕПП Архиродон.

„Како ќе потпишат, кога е спротивно на европските закони за животна средина, спротивно на Бернската конвенција за биодиверзитет, со толку висока брана“, прашува Тунески.

Тој додаде и дека дистрибутивната цена на струјата во Македонија е највисока во споредба со останатите дистрибутивни цени во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy