
ТУКА СМЕ! Студентите излегоа на протест пред МОН
Студентите излегоа на протест пред Министерството за образование и наука.
Тие одлучија да изразат незадоволство од ефикасноста на Министерството бидејќи не ги почитува роковите за исплата на стипендиите и на други субвенции.
Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое соопшти дека студентите „го креваат гласот обединети“, затоа што имаат поддршка и од универзитетските студентски собранија на државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.
“Сакаме промени, сакаме одговорност” извикуваат студентите кои револтот го изразуваат со свирежи, транспаренти и “црвени картони”, собрани на булеварот пред МОН кој е затворен за сообраќај.
На социјалните мрежи се јави и Бленди Ходаи, кој порача „Тука сме!“
Инаку, во меѓувреме од Владата испратија соопштение дека исплатени се ученичките и студентските стипендии за 2023-2024 година.
