
Тухел: Не знам што се случи, ова е катастрофа!
Тренерот Томас Тухел има ужасни резултати по доаѓањето во Минхен, а поразот од Лајпциг е нов удар за актуелниот германски првак.
„Ова е катастрофа, но заслуживме да загубиме. Мора да играме подобро ако сакаме да победиме. Бевме добри на почетокот, а потоа го загубивме ритамот. Не знам што се случи, немам објаснување. Нема да го гледам мечот меѓу Дортмунд и Аугсбург. Мора да победиме следната недела“, кажа Тухел.
