Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Туфегџиќ: Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема
Македонија

Туфегџиќ: Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема

07/04/2025

AA

Бранител на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните. Според адвокатот, исказот на Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението.

-Фактички, сметаме дека со ова успеа на некој начин да му долови на судот во што се состои неоснованото обвинение во него. Мислам дека и неговиот исказ прилично јасно допре и до застапникот на Обвинението, за кој ние немаме ништо против. Очекуваме и вкрстени прашања, меѓутоа денеска Александар исцрпно ја кажа до детаљ суштината, рече Туфегџиќ.

Туфегџиќ изрази уверување дека јавниот обвинител нема да се предаде лесно, но нагласи дека аргументи и докази против Александар не постојат.

-Јас лично не очекувам дека јавниот обвинител, односно застапник на обвинението туку така едноставно ќе се предаде. Јасно му е на јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема. Она на што тие одат дека се аргументи и докази, не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот, дополни тој.

Тој истакна дека Ѓорчевски дал јасен опис на постапките на полициските службеници, потврдувајќи го недостатокот на унифицирани стандарди за постапување во вакви случаи.

Адвокатот Туфегџиќ ја нагласи тортурата вршена врз неговиот клиент, истакнувајќи дека Александар бил воздржан во своите изјави. Нагласи дека исказот даден денеска е скратена верзија, додека поопширната е доставена до Јавното обвинителство, но суштината останува иста.

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски денеска исцрпно и детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања и односот со полицијата во текот на истрагата.

Судењето продолжува во петок со вкрстени прашања од обвинителството. По сведочењето на Ѓорчевски е предвидено да сведочи и обвинетиот Љупчо Палевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ

18/04/2026
Македонија

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до

18/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК УФИЛМАН, ГО СЛЕДЕЛ „ПРИВАТЕН МОСАД“ Бихаќка обвинува дека

18/04/2026
Македонија

Владата ги продолжи олеснувањата за горивата: Цените се намалуваат, акцизите

18/04/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПОЛИТИЧКИ НЕ ПОСТОИ, А ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Е БЕЗНАЧАЈНА КАКО ЗАПЛЕНАТА

18/04/2026
Македонија

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без

18/04/2026
Македонија

До 5 јуни без камата за задоцнети сметки за вода

18/04/2026
Македонија

Вработени во „Тинекс“ најавуваат протест поради неисплатени плати

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАЗУМНО Е ДА СЕ ОЧЕКУВА ЈАСНОСТ И КОНЗИСТЕНТНОСТ ОД СОЈУЗНИЦИТЕ Пристапот кон ЕУ да е

18/04/2026

Членството во Европската унија и во НАТО не се политички слогани за ВМРО-ДПМНЕ, туку се статутарни обврски, вградени во нашите

Од поројни дождови до нула степени – временски пресврт до крајот на следната недела

18/04/2026

Пред нас е работна недела која ќе донесе чести промени на временските прилики, со постепен пад на температурите и најава

ФИЛИПЧЕ ПАК УФИЛМАН, ГО СЛЕДЕЛ „ПРИВАТЕН МОСАД“ Бихаќка обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирала разузнавачка компанија за

18/04/2026

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy