
ТСЦ драматично го запре Партизан, Мирчевски асистент за голот во 96-та! (ВИДЕО)
Како да не беа доволни шест гола, последниот од нив беше постигнат на истекот од 96. минута, за огромна радост на домаќините кои изедначија и освоија бод во овој важен меч. Она, пак, што за нас е важно е дека асистент на тој гол беше македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски.
Партизан само што остана со десетмина по вториот жолт картон на Калулу, ТСЦ имаше завршен налет и прво изведе слободен удар, а потоа корнер, од левата нога на Мирчевски сервирано на глава на Стојиќ за погодок во мрежата на црно-белите.
Поранешниот фудбалер на Академија Пандев беше резервист и влезе во игра во 85. минута, откако Партизан погоди за 3-2 пет минути претходно. Резултатот беше прво 1-0 за ТСЦ, па 2-1 за Партизан и 2-2 на паузата. Белградскиот тим утна и пенал во вториот дел, само како зачин на драматичната разврска.
Мирчевски немаше статус на првотимец и минатата сезона, која беше фантастична за ТСЦ, вицешампионот на Србија, меѓутоа сепак беше меѓу топ-5 стрелците на тимот, со седум гола на 18 меча во првенството и уште два во Купот.
📹 Bačka Topola 3-3 FK Partizan
⚽️ Nemanja Stojicpic.twitter.com/Pp231GTjWj
— FootColic ⚽️ (@FootColic) July 29, 2023