
ТСЦ Бачка Топола и Мирчевски елиминирани од второлигаш во Купот (ВИДЕО)
Смедерево го почна натпреварот на најдобар можен начин, односно со автогол на Душан Цветиновиќ, а потоа Јован Влалукин во 76. минута погоди за 1-1 и му обезбеди пенали на ТСЦ.
Мирчевски беше стартер за српскиот тим, но не успеа да помогне во битката за пласман во второто коло од Купот.