
Труп на убиен човек затна канализација во Софија
Човечките останки пронајдени во центарот на Софија биле во шахта во фризерски салон сместен во станбена зграда, објави бугарска НОВА.
Затекнати се на ул.„Георги С.Раковски“. Полицијата извршила увид на местото. Сите можни верзии се проверени. Една од нив е дека станува збор за баран млад човек.
Засега официјално од бугарското МВР соопштуваат дека се вршат истражни дејствија, без детали за што се работи.
Жителите на зградата во која се наоѓа шахтата велат дека веќе извесно време имало проблеми со канализацијата. „Дури почнавме и со поправки. Започна да протекува од таванот“, велат тие.
Главната верзија за откриеното тело во шахта во центарот на Софија е за убиство на маж кој бил исчезнат. Убиството е извршено на друго место, објави bTV.
Извршени се и контроли и во влезот на станбениот блок и во фризерскиот салон кој се наоѓа на приземјето на колективната заедница.
Истрагата продолжува, се работи на различни верзии.
