
Труење со пестицид во пита: Мажот во стабилна состојба, бабата се уште во кома
Една жена почина по акутно труење со пестицид, односно ланате, а затруени сè уште две лица.
Според информациите, тие биле пронајдени затруени откако јаделе пита со праз во која се наоѓал и пестицидот.
Од Клиниката потврдуваат дека 79-годишна баба е хоспитализирана на КАРИЛ и е во кома, додека пак нејзиниот син кој е на Токсикологија е подобро и е во стабилна состојба.
