
Труење со храна во детско одмаралиште во Охрид
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска посочи дека пријавено е труење со храна во детско одмаралиште во Охрид.
Тој вели дека уништени се повеќе од 200 килограми храна.
„Уништена е повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи“, истакна Бабовски.
Според него, ваквите лесно расипливи производи мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат.