
Труење со чад, но и изгореници: Биланс од пожарот во Виница – 18 вкупно повредени, шестмина пренесени на скопска Токсикологија
Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот чад и токсичните гасови што се ослободуваа од пожарот.
Во болницата во Кочани, која го прими првичниот бран на пациенти, моментално се згрижени вкупно 10 лица. Од нив:
Најсериозните случаи на труење со чад се препратени во Скопје, каде шест лица се наоѓаат под лекарски надзор на Клиниката за токсикологија.
Пожарот во погоните на „Винчини“ избувна вчера во раните вечерни часови, а во неговото гаснење учествуваа противпожарни единици од повеќе градови.
