
Тројца тинејџери ранети во престрелка во Шведска
Тројца тинејџери се ранети во престрелка во Шведска.
Според SVT, пукањето се случило во Ховсјо во југозападниот дел на градот Седертаље, а најмалку тројца тинејџери биле ранети и пренесени во болница.
– Пронајдовме три лица кои беа застрелани, на отворено и блиску еден до друг – изјави Надја Нортон, портпаролка на локалната полиција.
Според првичните информации, ранети се тинејџери од 2006 и 2007 година, од кои еден е тешко повреден.
Граѓаните околу 19 часот повикале полиција бидејќи мислеле дека слушнале петарди или огномет.