
Тројца пожарникари пуштени на домашно лекување по пожарот во „Макпрогрес“
Тројца од пожарникарите повредени при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се пуштени на домашно лекување, додека четвртиот, припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во Клиничката болница во Штип.
Сите пожарникари имале изгореници од прв степен на долните екстремитети, стекнати при гаснењето на стопена течна маса од шеќер. Од тројцата пуштени на домашно лекување, еден е од Свети Николе, а двајца од Виница.
Дополнително, осуммина работници на фабриката се наоѓаат на Клиниката за токсикологија во Скопје, од кои дел ќе бидат пуштени дома, со стабилна здравствена состојба, информира Министерството за здравство.
