
Тројца малолетници заработиле 30.000 евра во Тирана со лажно нудење на сексуални услуги
Со лажни профили на социјалните мрежи кои ветуваат сексуални услуги во Тирана, тројца малолетници се под истрага! Присвоиле 30 илјади евра.
Станува збор за тројца малолетници на возраст од 16-17 години кои се под истрага во Тирана, бидејќи се осомничени дека преку компјутерска измама, со отворање профили со лажни податоци на социјалните мрежи, се стекнале со илегални средства.
Во рамки на шифрираната полициска акција „Средба“, откриено е дека малолетниците преку објавувања на овие лажни профили ветувале сексуални услуги.
Администраторите на овие профили барале од заинтересираните лица плаќањето да го извршат на одредени локации кои ги одредувале, парите ги добивале откако заинтересираните биле упатувани на местата каде што треба да се остави исплатата, а потоа ги блокирале на социјалните мрежи.
Досега се откриени и документирани околу 150 случаи на оваа шема за компјутерска измама, од кои овие тројца малолетници проневериле сума од околу 30.000 евра.

