
Трката со времето продолжува: „Луѓето во подморницата се трудат да дишат што помалку“
Екипите за пребарување и спасување се обидуваат да ја пронајдат туристичката подморница Титан, која исчезна со пет лица на бродот на пат кон потонатиот брод Титаник.
Контактот бил изгубен час и 45 минути откако таа нурнала во неделата попладне, соопшти американската крајбрежна стража.
Како што е наведено на веб-страницата на компанијата OceanGate, станува збор за подморница долга 6,7 метри и тешка повеќе од десет тони, која може да нурне до длабочина од 4.000 метри.
Има камери, светла и скенери за истражување на околината. Во подморницата има и боци со кислород, кои обезбедуваат снабдување од 96 часа.
Во потрагата се вклучија уште три брода
Уште три брода се вклучија во потрагата по исчезнатата подморница, објави американската крајбрежна стража на Твитер.
Press release for the establishment of the Unified Command for the 21-foot submersible, Titan, 900 miles east of Cape Cod click here: https://t.co/yvhGizVnw7#Titanic pic.twitter.com/fJPaYvovB5
— USCGNortheast (@USCGNortheast) June 21, 2023

